Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО



– Собранието на Република Северна Македонија денеска во 13 часот треба да ја продолжи работата по 135. седница, на чиј дневен ред се Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство заврши доцна синоќа, а гласањето, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

И изминатиот ден во фокусот беше законот за јавно обвинителство. Премиерот Оливер Спасовски смета дека во Собранието прво треба да се донесат сите закони, кои, како што рече, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, Собранието на време ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека не смее одново да се блокира и опструира донесувањето на законите за ЈО и за Советот на ЈО, кои се темелот на реформите во правосудството и гарантираат неселективна правда и одговорност за сите. Мора да се создадат услови тие да се донесат пред распуштањето на Парламентот. 

-ДУИ апсолутно го поддржува законот за ЈО и законот за Советот на ЈО, апсолутно, недвосмислено цела пратеничка група почнувајќи од лидерот Али Ахмети се до последниот, рече на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.

Тој нагласи дека ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО. 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се брза да го донесе овој закон за да се заштити од криминалите што ги има направено.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]