Со калашњикови ограбиле бензиска на Макпетрол


На 20.05.2018 година во  03,23 часот пријавено е дека во Скопје, во село Визбегово во бензинска пумпа на „Макпетрол“ две непознати лица со закана со автоматска пушка извршиле разбојништво над вработениот при што одземен е дневниот промет. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.