СЈО го доби дописот од Јовески


СЈО претпладнево го доби дописот, што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите.

Како што потврдија за МИА од Специјалното обвинителство дописот пристигнал на нивна адреса, а тие утре ќе излезат со соопштение за натамошните чекори.

Јовески вчера во изјава за МИА рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо.

Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија беше известено со писмен допис дека јавните обвинители од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ. Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо, вели Јовески


Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна - МИА
Вести

Почнаа 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини

Скопје, 4 јуни 2020 () – Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, […]

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти

Скопје, 4 јуни 2020 () – Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. […]

Вести

Над 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

– Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, […]