Северна Кореја го подготвува нуклеарниот полигон за меѓународна инспекција


Северна Кореја го подготвува својот нуклеарен полигон „Пунгери“ за меѓународни инспекции, објави јужнокорејската агенција Јонхап, која се повикува на јужнокорејската разузнавачка служба.

Иако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетни тестирања во изминатата година, таа не дозволуваше да се спроведат меѓународните инспекции на полигонот „Пунгери“, кој беше разурнат во мај. Тоа предизвика критики дека нејзините акции се привидни само за надворешниот свет, а дека во реалност таа брзо ќе го обнови полигонот.

– Северна Кореја се согласи меѓународните инспектори да го следат „уривањето засекогаш” на големите ракетни локации, како и да ги следат чекорите како што се затворањето на нуклеарниот комплекс „Јонбон“ во замена за реципрочни мерки од страна на САД, изјави во септември претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]

Вести

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води […]