Седница на Уставен суд

ustaven
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 18. седница на која треба да расправа за неколку иницијативи за оценување на уставноста и барања за заштита на слободите и правата.

Меѓу другото треба да расправа за иницијативата на Светскиот македонски конгрес за оспорување на член 110 од Законот за Јавното обвинителство, а во врска со постапувањето во однос на незаконски прислушуваните материјали и незаконското следење на комуникациите, како и за иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција за оспорување на Законот за трансформација во редовен работен однос.


Пред уставните судии на денешната седница се и иницијативите за оспорување на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации и за осопрување на адвокатската тарифа за наплата на трошоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK