Седница на Работната група за уставни измени

ustavni-izmeni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работната група формирана при Министерството за правда со задача за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница.

Како што информира Министерството за правда при формирањето на групата, откако ќе бидат подготвени измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамки на Собранието, а паралелно со работата на групата ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови. Превидено е официјален предлагач на уставните измени да биде Владата.


Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека Работната група за уставните измени има обврска да ги подготви измените на Преамбулата на Уставот согласно преговарачката рамка, додавајќи дека тоа е обврска, која е императив и нејзина основна работа.

– Се работи за промена на Преамбулата и внесување други делови од народи во неа, каде веќе има и други делови од народи, дополни Ковачевски, коментирајќи ги тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека „власта со уставните измени работи на создавање бинационална држава“.

Според Ковачевски, ваквите тврдења претставуваат шпекулација, замајување на јавноста, најнова лага и уште една небулоза во низата.

– Тоа е уште една од низата небулози и замајување на јавноста од страна на опозицијата. Истата таа опозиција зборуваше и дека во државата ќе има не знам колку милиони мигранти, дека државата ќе се кантонизира, дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станеле бугаризирани и асимилирани и дека ќе сме го изгубеле македонскиот јазик, но ништо од тоа не се случи. Ова е најновата во низата лаги. Се работи за шпекулација и за зборување нешто од немајкаде. Кога сите факти ќе ве побијат, не ви останува ништо друго освен измислување нови небулози кои ќе шират хистерија и страв кај народот, а нема да направат ништо добро, истакна Ковачевски.

Мицкоски во вторникот во Кавадарци изјави дека е „загрижен од информациите што ги добива“ дека Работната група не работи само на внесување на „минималното бугарско малцинство“ во Преамбулата на Уставот, туку и за целосно редефинирање на земјата како држава на два народа.

Во однос, пак, на изјавата на претседателот на бугарското Собрание, Росен Жељазков, дека за Бугарија е важен условот за уставни измени за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав, премиерот Ковачевски изјави дека не ја слушнал, но дека промената на Преамбулата и внесувањето на деловите од бугарскиот народ, „3500 наши сограѓани кои се самоопределуваат како Бугари, е дел од преговарачката рамка во која обезбедивме заштитен македонски јазик и идентитет и со која ги почнавме преговорите“.

– Ова е една од обврските која нашето Собрание ќе ја направи и потоа ќе продолжиме со отворањето на поглавјата и кластерите, а земјава до 2030 година ќе стане дел од ЕУ. Тоа е целта што ќе ја оствариме сите заедно, подвлече Ковачевски.

Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА.

Жељазков во интервју за БГНЕС изјави дека бугарскиот став останува непроменет дека земјава треба што поскоро да го започне и заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка на ЕУ како резултат на сопствениот придонес и со исполнување на критериумите за членство, а не врз основа на политичка одлука.

Тој нагласи дека за Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени за вклучување Бугарите во македонскиот Устав.

– Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите и го следи Европската комисија, изјави Жељазков.

Тој додаде дека земјава не треба да губи време, бидејќи загубеното време ќе се претвори во скептицизам.

– На Македонците им требаат брзи одлучни акти и решителни одлуки, без да ја бараат причината надвор. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни, додаде Жељазков.

Për fat të keq, ekziston mundësia që Shqipëria dhe Republika e Maqedonisë së Veriut të ndahen në procesin negociues për hyrje në BE, sepse RMV-ja ka disa kushte, të cilat nëse nuk i plotëson,

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера од Софија порача дека доколку земјава не ги спроведе уставните измени на кои се обврза, ќе дојде до точка кога е можно да биде раздвоена од Албанија во преговарачкиот процес за влез во ЕУ.

– Северна Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни, изјави Милановиќ, кој престојува во официјална посета на Бугарија на покана на шефот на бугарската држава Румен Радев.

Милановиќ и Радев на заедничката прес-конференција порачаа дека забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западен Балкан е клучен фактор за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

Експертската работна група ја сочинуваат Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, која е нејзин претседател, а членови се Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Од Министерството за правда најавија и дека списокот на членови на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други експерти кои ќе дадат придонес во подготовката на уставните измени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK