Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, донесен Акциски план


Согласно одлуката на Владата за прогласување кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена, денеска се одржа втората седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што го раководи директорот на Центарот, в.д. Стојанче Ангелов, на која беше донесен Акциски план.

-Акцискиот план ќе отиде на разгледување на Управувачкиот комитет што е составен од министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, за одбрана, здравство, транспорт и врски и јас како раководител на Главниот штаб. Состојбата кај нас не е нешто полоша од состојбата во регионот. Сметам дека ја имаме под контрола, изјави Ангелов.

Најави дека ќе работат и на јакнење на јавната свест. Граѓаните, како што рече, да сфатат дека се работи за една опасна болест. Ќе има продолжување на медиумската кампања, која би била уште позајакната. Најави дека ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор.

-Ќе побараме од Советот на Владата за соработка со невладини организации да определат неколку претставници на невладини организации кои се занимаваат со човекови права. Ја разгледавме и соработката со Армијата, која ќе и асистира на полицијата, но и ќе дава директна помош на здравствените установи онаму каде што тоа е потребно, изјави Ангелов.

Прашан за капацитетите на приватните болници, рече дека тоа не е во надлежност на Главниот штаб, туку на  Министерството за здравство.

Ангелов апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

1 Comment

  1. Каков план барате од онај нездрав силеџија , го бива само за рушење на куќи и кршење (СО ГЛАВА-) ќерамиди, ве асоцира на болно суштество.????нели?

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*