Се запалил автобус без патници на обиколницата Сарај – Волково


Скопје, 12 јули 2018  – Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува.



Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и брзо се проширил во кабинскиот дел.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и оти е интервенирано со четири возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 13.55 часот, а интервенцијата траела до 15.30 часот. Полицијата прави увид на местото на настанот.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*