САС: МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура

Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.

Ова се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архипиекопија во врска со, како што се наведува, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.

– Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28), стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Вести

Пешов: Ако сум постапил погрешно на 27 април, ќе имаше барем дисциплинска

Доколку тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ми дал наредба, а јас не сум постаил по неа тоа би било нотирано уште истата вечер, а министерот би повел дисциплинска постапка или пак кривична пријава, […]

Вести

Анкета:  За мнозинството граѓаните целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини

За големо мнозинство од граѓаните (89,7 отсто) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава, покажува анкетата спроведена од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во врска со актуелната состојба со епидемијата […]

Вести

Отсуството на обвинетиот Илија Димовски го одложи судењето за „Талир“

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 7 март поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски. Судијата Осман Шабани, на почетокот информира дека […]

Вести

Ѕиѕикостас: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја, јави дописничката на МИА од […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*