Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира доколку Велика Британија продолжи да испорачува оружје на Киев

tenk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира бидејќи Велика Британија и западните земји продолжуваат да му доставуваат оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Андреј Келин изјави за Би-Би-Си дека акциите на земјите од НАТО, а „особено“ оние на Британија, создале ризик од продолжување на војната и појава на „нова димензија“ на непријателствата.


Тој додаде дека Русија има „огромни ресурси“ и иако борбите траат повеќе од една година, неговата земја сè уште не почнала „да дејствува премногу сериозно“.

– Русија е 16 пати поголема од Украина. Имаме огромни ресурси, нагласи Келин.

– Порано или подоцна, се разбира, оваа ескалација може да добие нова димензија, а тоа не ни треба и не го сакаме. Можеме да постигнеме мир уште утре, додаде рускиот дипломат.

Прашан за распространетите и зголемени докази за руските воени злосторства, Келин одговори дека Украина е таа што врши воени злосторства. Тој потоа го смени курсот и изјави дека ОН немаат овластување да истражуваат воени злосторства, забележа ДПА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK