Резултати од анкетата за цените и квалитетот на интернет услугите


Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.


 

На средбата ќе бидат презентирани и наодите од анкетното истражување за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), спроведено во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

Во рамки на информативната средба ќе бидат презентирани и две дигитални видеа со кои организаторите, како што најавуваат, ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: Какво е задоволството од квалитетот и цените на услугите во мобилната телефонија и интернетот?;
Каква е информираност на граѓаните за работата АВМУ и АЕК?, Каква е перцепција на граѓаните за транспарентноста, професионалноста и независноста на двете регулаторни тела? и Како според граѓаните се назначуваат лицата на раководните позиции во АВМУ и АЕК?