Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион


Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија, јави дописникот на МИА.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рмпарт д’Анеј“ и улицата Виктор Иго според весникот „Ле Прогрес де Лион“.

Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам и со чие апсење очигледно избегнало нова трагедија.

Пјер Оливер, градоначалник на 2-от арондисман во Лион, преку Твитер и се заблагодари на полицијата за интервенцијата што „помогна да се избегне нова трагедија“.

Во Франција, денеска се убиени три лица во терористички напад во Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*