Прв смртен случај од коронавирус во земјава


Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.

-За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека брисот бил земен заради наглото влошување на состојбата, што, како што истакна, е нетипично за друга болест и тоа ги натерало лекарите да се посомневаат и да земат уште еден, трет брис.

-Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела. Тој имал 33 години, вчера настанало влошување на состојбата и бил прво префрлен во Одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и после според протоколот е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен, хоспитализиран во стабилна здравствена состојба, истака министерот Филипче.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]