Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје


Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје.

Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече дека судењето на Достовски, кој е првиот активист за легализација на марихуана, трае неколку години и го гледаат како причина за надополнување на предложените законски измени и декриминализација на канабисот.

– Со надополнување на законот ние сакаме да го прекинеме црниот пазар, да ја сопреме достапноста на канабис за малолетни лица и државата да има финансиски бенефит од самата билка. Сите корисници да бидат регулирани и пријавени во Агенција за канабис. Да може секој пријавен возрасен над 21 година  да одгледува канабис дома, доколку е болен од посериозна болест да може повеќе. Да може секој пријавен и полнолетен член да поседува одредена количина во џеб на улица, да може да се отворат социјални клубови, преку кои билката ќе биде целосно регулирана и оданочена со 40 до 50 проценти, изјави Узуновски.

Посочи дека ваквните измени на Законот за канабис, треба да бидат приоритет на новата влада и еден од првите десет закони во Собрание.

Судот на Филип Достовски, кој боледува од вид канцерогена болест, денеска му одреди условна казна за недозволено производство на масло од канабис.

– Во аптеките нема ништо што мене ми одговара. Нормално е дека мора сам да си го направам, изјави Достовски, пред Основниот кривичен суд во Скопје.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*