Претседателот на Уганда го потпиша ригорозниот закон против ЛГБТК

museveni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени денеска го потпиша еден од најстрогите анти-ЛГБТ закони, што наиде на осуда од западните влади, компании и активисти за човекови права.

Истополовите заедници се нелегални во Уганда, како и во повеќе од 30 африкански земји, но новиот закон оди уште подалеку во таргетирање на геј, бисексуалци и транс лица, јавија светските агенции.


Законот предвидува смртна казна за таканаречена „тешка хомосексуалност“, која вклучува хомосексуални односи со ХИВ-позитивно лице и 20 години затвор за „промовирање“ на хомосексуалност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK