Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)



Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

 

Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност на Русија.

Медведев ќе биде именуван на должноста заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

 

Путин побара од Медведев да продолжи да ја извршува премиерската функција се додека не се формира нова влада.

 

Оставката на Медведев и новата функција во рускиот Совет за безбедност се во исто време кога Путин најави уставни измени.

 

Во денешното годишно обраќање до нацијата пред пратениците во федералниот Парламент, Путин предложи измена на Уставот за да им се овозможи на пратениците да именуваат премиер и членови на Владата. Тоа право моментно го има претседателот на државата.

 

– Тоа ќе ја зголеми улогата на Парламентот и парламентарните партии, власта и независноста на премиерот и сите членови на владата, истакна Путин.

 

Тој нагласи и дека претседателот треба да има овластување да именува високи одбранбени и безбедносни претставници.

 

Путин додаде дека уставните измени мора да бидат усвоени на референдум.


Вести

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом […]

Вести

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

– Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина […]

Вести

ДЗР: Дел од надоместоците кои ги земале СЈО не се во согласност со законската регулатива

– Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за […]