Повеќе детали за руската група за одговор на COVID-19 во Италија (Фотографии, видеа)


На 22 март, воениот транспортен авион Ил-76 започна со пренесување на групата за одговор на вирусот COVID 19 на Руското министерство за одбрана во Италија.

Девет воени транспортни авиони Ил – 76 од аеродромот Чкаловски ќе бидат вклучени во оваа операција. Тие ќе префрлат приближно 100 виролози и епидемиолози, и осум медицински тимови со дузина парчиња опрема со која ќе се борат против коронавирусот, на авиобаза на Италијанските воздухопловни сили во близина на Рим.

Транспортот ќе биде изведен преку Министерството за одбрана со вклучување на авиони на Руските воздухопловни сили.

 

Опремата која ќе биде доставена ќе вклучува заштитна опрема, специјални мобилни системи за аеросолна дезинфекција на територија и возила базирана на КАМАЗ шасии, медицинска и друга опрема.

Посебна санитарна и епиодемиолошка единица на медицинската бригада при Руската армија е дизајнирана да извршува медицинско извидување и комплекс од санитарно – хигиенски и анти-епидемиолошки мерки. Оваа единица вклучува три мобилни санитарни и епидемиолошки лаборатории (една тип “А” и две тип “Б”), вод за миење и дезинфекција, и единици опремени за изведување на различни задачи за дезинфекција-дератизација и карантинска изолација. Капацитетот на овие единици е 95 луѓе на час во летни услови и 48 луѓе на час во зимски услови.

Рускиот тим за борба против коронавирусот вклучува експерти кои се бореле против антракс и африканска чума.

“Најголем дел од нив се експерти во нивното поле, беа директно инволвирани во елиминација на Африканската свинска треска, антракс, развојот на вакцина против Ебола и вакцина против чума.” изјави Рускиот министер за одбрана.

Групата ја води Генерал – Мајор Сергеј Кикот. Тој е водечки конструктор и специјалист во апликација на најновите примери на специјални процесни системи. Има вршено задачи за организирање на работата во тешки епидемиолошки  услови при епидемии на антракс (anthrax peptic ulcer) и справување со последици од поплави.

Полковник Алексеј Смирнов е водечки епидемиолог. Директно бил вклучен во развојот на вакцина против Ебола.

Потполковник Генадиј Еремин е водечки научник во центар за истражување. Еремин е експерт во областа на организација и примена на анти-епидемиолошки мерки. Има искуство во справување со едни од најопасните заболувања како што е Афрканската свинска треска и болеста нозе-и-уста (foot-and-mouth disease).

Потполковник Вјачеслав Кулиш е специјалист во развојот на заштита против биолошки агенси од вирусна природа. Учествувал во развојот на лекови против чума и вакцина против Ебола.

Потполковник Александар Јуманов е асистент – професор на Воената Медицинска Академија С.М. Кирова. Има учествувано во распоредување на мовилна болница во Република Гвинеа како дел од интернационална програма за борба против Ебола

 

 

извор: Southfront

фото: Александар Котс

 

 


Вести

Две лица починаа на Инфективната клиника, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329

– Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот […]

Вести

Обвинетите во „Транспортер“ осудени на вкупно 36,9 години затвор и 20 години условено

– Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“. Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, […]

Вести

РКЕ: Граѓаните да не се исклучуваат поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба

Останува во сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од […]