Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома пуштени



Сите патници од сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел од патот, а беа згрижени во болницата во Прокупље се во добра здравствена состојба. Тие се пуштени да се вратат дома, со автобус кој за таа намена треба да дојде од земјава, информираат од Амбасадата на Р Македонија во Белград.

Во болница единствено е задржана пациентката која има потешки повреди на кичмените пршлени и таа е сместена на Неврохирургија во Ургентниот центар во Ниш.

Во сообраќајката беа повредени 26 патници од автобусот. Тој сообраќал кон Копаоник до каде превезувал патници на еднодневна екскурзија.

Претходно МНР информираше дека нема згрижени пациенти ниту во болницата во Блаце и оти сите се пуштени на домашно лекување.

Сѐ уште нема информации за детали за несреќата и за можната причина.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Вести

Митревски: Имам крунски доказ дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ

– Поранешниот лидер на ССМ и акуелен претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски бара од Владата, премиерот, министерот за труд и социјална политика и вицепремиерот за борба против […]