После седум години отворен главниот автопат во Сирија


Сириската армија денеска отстранува барикади и ја отвора главната сообраќајница што ги поврзува двата најголеми града, Дамаск и Алепо.

Државните медиуми јавија дека откако почна сириско-руската офанзива минатиот декември, автопатот М5 беше е под целосна контрола на сириската армија.

Набљудувачите проценуваат дека целта на офанзивата против бунтовниците во северозападна Сирија била да се врати целосната контрола врз овој витален автопат после цели седум години.

Според достапните податоци, заклучно со декември минатата година, околу 800.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]