Поранешниот возач фрлил рачна бомба кон градоначалникот на Лушња


Градоначалникот на општина Лушња, Фатос Туше, и неговата секретарка Ериса Ќалиу се повредени откако во канцеларија на градоначалникот била фрлена рачна бомба.


 

„Немилиот настан се случил во 09.00 часот кога, неговиот поранешен возач Гезим Сарачи, влегол во канцеларијата на градоначалникот и почнале да се расправаат со висок ток. Секретарката ја отворила вратата за да види што се случува. Во тој момент Сарачи ја фрлил рачната бомба и избегал од канцеларијата,се наведува во полициското соопштение по извршениот увид.

Од експлозијата градоначалникот се здобил со повреда на десната страна на градниот кош и ноѕете, додека секретарката имала повреди на раката, лицето и ноѕете.

По дадената соодветна прва медицинска помош во болницата во Лушња, двајцата се префлени на клиниките во Тирана и според последните информации тие се вон животна опасност.

Полицијата и Обвинителството работат на случајот за целосно негово расветлување.