Попладнево делови од земјава зафатени од интензивен пороен дожд, грмежи и град


Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево беа зафатени од нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град.


 

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Подоцна нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, се наведува во временската прогноза од УХМР.