Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО


– Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Расправата за законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство. Седницата 135. продолжи вчера во 13 часот со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за измените и дополнувањата на Законот за одбрана почна и заврши вчера. Но, на 123. седница, освен оваа точка по која треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ставени се и други законски решенија, меѓу кои измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]