Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Хоспитализираниот веќе една недела е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви“ во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Стевановиќ вчера информираше дека нема простор за паника кај населението за кое остануваат главните препораки за заштита од комарци. Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции, посочи таа, и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.

Вести

Државниот инспекторат постапува по екоинцидентот во Вардар, познат предизвикувачот

Државниот инспекторат за животна средина денеска изврши вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради вчерашното загадување […]

Вести

Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, што пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој поднесе тужба против ДКСК, која поведе прекршочна постапка против него за […]

Вести

Работните групи не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор. Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив […]