ОН: Во Мјанмар околу 800.000 лица се загрозени по циклонот Моча

mjanmar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Околу 800.000 луѓе се загрозени откако циклонот Моча помина низ Мјанмар, соопштија денеска Обединетите нации (ОН), додека воените власти во Јангон процениле дека настрадале 145 луѓе.

„На најмалку 800.000 луѓе им е потребна итна помош во храна“, рече заменик-директорот на Светската програма за храна за Азија и Пацифик, Антеа Веб.


Таа рече дека по циклонот отсечени се патишта, уништени се куќи, болници и училишта, а прекинати се и телекомуникациите.

Веб рече дека воените власти кои го презедоа Мјанмар во февруари 2021 година им дале дозвола на претставниците на Светската програма за храна да пристапат до најпогодените области.

Циклонот Моча пристигна во Мјанмар од Бенгалскиот залив во неделата со ветрови од 195 километри на час.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK