ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП


Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови права и основна слобода. ЕСЧП е една од ретките институции koја континуирано продолжува да ја надгледува и казнува Бугарија за кршење на човековите права на домородниот македонски народ во Бугарија.

 

ОМД јавно ја осудува Бугарија за непочитување на две спогодби кои ги потпиша и ратификува: Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи. ОМД ја повикува г-ѓа Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, да изврши силен притисок врз Бугарија и со тоа да сè имплементираат сите наоди и пресуди на ЕСЧП.

 

Во двете пресуди: Предмет: Василев и друштвото на угнетените Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, и Бугарија (Пријава бр.23702/15) и Предмет: македонскиот клуб за етничка толеранција и Радонов против Бугарија (Пријава бр.67197/13) Европскиот Суд за Човекови Права едногласно донесе пресуда дека Бугарија го крши членот 11 (слобода на собирање и здружување) на Конвенцијата за заштита на човекови права и слободи чиј потписник е и Бугарија, и дека Бугарија мора да им исплати колективен износ од €16.000 на подносителите на жалбата.

 

До денес, ЕСЧП пресуди повеќе од десетици пати против Бугарија за кршење на човековите права на македонското малцинство во земјата, меѓутоа Бугарија воопшто не ги спроведува пресудите. Моќниците во Брисел мошне јасно молчат за неуспешниот обид на Бугарија да ги отстрани и избрише негативните пресуди за човекови права, не само кон македонското малцинство, туку и кон Помаците, Ромите и турското малцинство.

 

Бугарија во последнот век жестоко ги негира правата на македонското малцинство. Со молчење и толеранција на континуинираното негирање на Бугарија за основните права на изразување на македонскиот идентитет и култура, Европската Унија всушност ја поддржува Бугарија во нејзината политика.

 

Неодамна, бугарската влада и членови на Европскиот Парламент, медиумите и академијата ги зголемија своите реторички и ксенофобични напади против македонската историја, јазик и народ. Неодамнешниот памфлет на бугарската академија на науки, со кој сè негира постоењето на уникатен и единствен македонски јазик, е во спротивност на филолошки факти од еминентни и ценети лингвисти и македонисти кои со децении зборуваат за постоењето на македонскиот јазик, како еден од групата славјански јазици. Да напоменеме дека во почетокот на овој месец, бугарскиот член на европскиот парламент, Андреј Коватчев, јавно ја нападна ОМД и нејзиниот член Марио Христовски за организирање на виртуална сесија, каде Марио ја потенцира ревизијата на Бугарија за македонската историја на Википедија.

 

Во 2006 год, ОМД предводеше коалиција на македонски организации за човекови права на глобално ниво каде што со употреба на интернетот беа испратени повеќе од три милиони електронски писма до европските парламентарци, барајќи од нив да гласаат за амандманот за измена на Протоколот за пристапување на Бугарија во Европската Унија, повикувајќи ги бугарските власти да спречат какви било понатамошни пречки во регистрацијата на политичката партија на етничките Македонци во Бугарија (ОМО-Илинден ПИРИН), и да се стави крај на сите форми на дискриминација и малтретирање на македонското малцинство во Бугарија. Бугарската влада жестоко лобираше против амандманот, што резултираше со гласање за одбивка, 303 против и 141 за гласови.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]