Заврши обдукцијата на починатата родилка: Починала поради грешна интубација


Родилката која почина на приватна клиника за гинекологија при породување со царски рез е Дебора Џамбази од Кичево. Таа била познат стоматолог од Кичево.  Според обдукцијата таа починала при грешно поставање на тубусот при што оштетен е хранопроводот. Ова укажува дека наместо во дишните патишта цевката за анестезија била ставена во погрешен орган.


 

Иако првично се тврдеше дека настанала жестока алергиска реакција од анестезијата, според информациите до кои дојдоа новинарите од Телма, тоа не е точно.

Анестезиологот кој работел на породувањето, бидејќи како вработен во државна болница не смеел да дава услуги во приватна е веднаш отпуштен. Освен анестетиолозите, засега нема никави информации околу одговорноста за останатите инволвирани во случајот во кој родилката на која и беше прва бременост почина а нејзиното бебе преживеа.

извор: Телма