Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени


 Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје.

Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати се на возраст од 62, 68 и 94 години и тие починале на Инфективната клиника, а двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години починале во ГОБ „8 Септември“. Во Општата болница во Гостивар почината е пациентка на возраст од 80 години.

Во изминатите 24 часа направени се 1.728 тестирања. Најмногу од новозаболените се од Скопје – 60, по што следуваат Свети Николе со 29, Гостивар 23, Дебар 17, Тетово и Куманово по 13, Струга, 12, Кичево со 7, Велес и Ресен по 3, Пробиштип и Демир Хисар по двајца и Охрид, Кавадарци, Струмица, Крушево, Македонски Брод и Берово по еден случај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земја од почетокот на епидемијата се искачи на 7.777,  бројката на оздравени е 3.960, а на починати 368. Во моментов активни се 3.449 случаи.

По градови дистрибуцијата е следна:
•       Скопје 3716, активни 1871
•       Куманово 831, активни 164
•       Дебар 137, активни 76
•       Штип 421, активни 161
•       Прилеп 291, активни 59
•       Тетово 844, активни 324
•       Струга 300, активни 147
•       Велес 201, активни 38
•       Битола 68, активни 27
•       Охрид 219, активни 133
•       Кавадарци 23, активни 15
•       Гостивар 211, активни 128
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 19, активни 11
•       Крива Паланка 18, активни 8
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 9, активни 5
•       Кочани 76, активни 16
•       Пробиштип 32, активни 20
•       Демир Хисар 5, активни 4
•       Македонски Брод 8, активни 6
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 88, активни 81
•       Кичево 65, активни 56
•       Ресен 132, активни 87
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.


Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*