Нови рочишта за „Траекторија“, „Монструм“ и „Титаник 3“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за „Траекторија“, „Монструм“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

На минатото рочиште беа изведувани материјални докази, предложени од СЈО.

Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Титаник 3“ почнува одново, по именување на нов судија во предметот, судијката Марија Клетичка.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, побара изземање од предметот, што и беше одобрено од страна на претседателот на Кривичниот суд Скопје Иван Џолев.

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*