Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника


-Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска  со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во однос на 46-те нови случаи на коронавирус во земјата, по градови намнногу има во Куманово-23, следи  со 13, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство, воедно информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово,  има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.


Угостителите тврдат дека го почитуваат протоколот, инспекторите „начекале“ жива музика – почнува изрекувањето казни - МИА
Вести

Угостителите тврдат дека го почитуваат протоколот, инспекторите „начекале“ жива музика – почнува изрекувањето казни

Скопје, 30 мај 2020 () – Отворивме по пропис, растојание метар и пол од маса, со дезинфекциски средства, без задржување на шанк, носење заштита. Буквално презедовме и правиме сè како што налагаат протоколите. Но, посетеноста […]

Позитивни резултати од нов дијагностички тест финансиран од ЕУ - МИА
Вести

Зголемен број на новозаболени од КОВИД-19, најава за рестриктивни мерки во одредени општини и меѓупартиски обвинувања

Скопје, 30 мај 2020 () – Во текот на вчерашниот ден епидемиолозите бележат повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за разика од претходниот кога беа регистрирани 25 лица со коронавирусот. Лидерот […]

Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]