Нина Ангеловска – нов министер за финансии


Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

За време на студиите таа е ангажирана како демонстратор на Економскиот факултет по неколку предмети, а учествува и на повеќе национални и меѓународни натпревари на кои има овоено едно прво и едно трето место.

Ангеловска магистрира во областа на Е-бизнисот на истиот Универзитет во 2012 година, а наредната ги почнува своите докторски студии. Во 2016 година се стекнува со стручен назив доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Професионалната кариера ја почнува со основање на првиот веб-сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк, веднаш по дипломирањето, со што стекнатото знаење го применува во пракса. Групер, како што стои во биографијата, го раздвижува пазарот на Е-трговија во земјава, доживува огромен успех, станува лидер на пзараот и се здобива со голем број признанија и награди.

Во 2017 година таа иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија, а станува и нејзин претседател. Таа е и ко-автор на извештајот за состојбата за е трговијата под наслов „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба бариери о препораки за развој на трговијата во Р. Македонија“.

Во 2016 година германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а во 2018 магазинот „Forbes“ ја нагдарува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија.  Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Бизнис

Стартува покачената минимална плата, ќе предизвика ли пораст и на другите плати

Ниту еден вработен во државава од овој месец нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и […]

Вести

„Епл“ вети дека ќе го разгледа прашањето за Крим

Претставник на технолошката компанија „Епл“ внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти“ и „Време“ во оперативниот систем на „Епл“, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија. Се […]

Вести

Се актуелизираат помилувањата на Иванов од 2016

Уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата. Вака државните претставници и правните експерти ги оценуваат можните последици што може да ги предизвика евентуалната одлука на Уставниот суд […]