Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност


Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

По состанокот на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски изјави дека за ова не е разговарано денеска и оти вонредната состојба не е опција бидејќи нема сознанија и проценки дека доколку се прогласи ваква состојба, ќе се победи вирусот. Останува на мислењето дека вистинско место за дискусија за оваа тема треба да биде Парламентот.

– Тогаш немавме функционално Собрание, имавме техничка влада и обврската падна кај мене. Тогаш примарниот мотив да декларирам вонредна состојба беше Владата, во недостиг на функционално Собрание, да носи уредби со законска сила. Сега, имаме функционално Собрание кое може да носи закони, рече Пендаровски, појаснувајќи дека нема врска вонредната состојба со полицискиот час.

Нагласи дека во ниту една држава во Европа засега не е воведен полициски час на цела територија.

–  До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час. Во Франција има забрането движење од регион во регион, а во Германија нема таков лимит на физичко движење. Да нема заблуда дека ако ние не го направиме тоа, ќе отидеме уште полошо со пандемијата, порача Пендаровски.

Подготвен е, како што рече, доколку Владата побара како врховен командант на вооружените сили, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.

Ниту премиерот Заев не гледа потреба од прогласување на вонредна состојба.

– Не ни треба вонердна состојба, за Владата да прогласи полициски час или карантин. Парламентот функционира. Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Парламентот затоа што како што имам информации, можеби не ми се точни, од конституирањето на Парламентот досега имаме повеќе од 10 проценти заразени или во самоизолација, рече Заев, додавајќи дека очекува мерките да ги дадат очекуваните резултати.

Ставот на министерот Филипче е дека рестрикцијата на движење нема да има никаков ефект.

– На почетокот на пандемијата постоеше мислење во државите дека рестрикцијата во движење ќе го сузбие вирусот, но тоа не се случи. Очигледно дека овој вирус има комплетно поинакви карактеристики од истата група на вируси. Сега, дефинитивно е јасно дека вирусот е тука и дека мора да се живее со него. Затоа се овие мерки што сега се воведуваат и во другите држави, а значат задолжително носење на маски, избегнување на групирање и нормално одвивање на сите животни процеси, изјави Филипче.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*