Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски


Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

До раните утрински часови немаше суштински напредок и доближување на ставовите на двата преговарачки тима. Новинарските екипи по два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.

Клучната разлика околу која се кршеа копјата меѓу двата тима беше судбината на предметите на СЈО.

Од средбата се очекуваше решение за Законот за ЈО кој треба да се донесе најдоцна до 15 септември со двотретинско мнозинство во Парламентот. Законот е во собраниска процедура и е почната амандманската расправа за него.

До 15 септември завршува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму денеска потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите.

Вести

Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски

Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за […]

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]

Вести

ОЈО испрати допис до СЈО за преземање на предметите

Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдија попладнево од ОЈО. Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна […]