Напојувањето на тунелите Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови

Напојувањето на тунелите со електрична енергија на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, како што најави ЕВН, од вчера ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово.

– Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите, информираат од Автомото сојузот на Македонија. 

Двата тунели, како што појаснува советникот за контрола на сообраќај​ во Јавно претпријатие за државни патишта, Владимир Петров, функционираат нормално и нема никакви проблеми околу напојувањето со електрична енергија.

– Поради безбедна и сигурна работа на тунелите Демир Капија – Смоквица, тие се напојуваат со електрична енергија од две страни и тоа: од Демир Капија и од Удово. Тоа значи дека доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на една од наведените страни, снабдувањето со електрична енергија ќе продолжи безбедно да работи со преостаната страна.  Во овој момент напојувањето од страна на Демир Капија е исклучено поради работни ангажмани на компанијата ЕВН Македонија. Тоа значи дека во овој момент тунелите се снабдуваат со електрична енергија од страна на Удово. Доклку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија од страна на Удово тогаш имаме и трета резервна опција – батериска резерва (UPS систем) во траење од два часа, односно доволно време за напојувањето да се врати во нормала, вели Петров.

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*