Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз


Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА.



Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди „неприфатливото насилство врз полицијата“.

Истовремено претставник на синдикатот на полицијата објави снимка на која се гледа како млади лица облечени во црно ги напаѓаат силите на редот.

Policiers parisiens (DOPC) tabassés, lynchés, piétinés, victimes de bombes. Plusieurs blessés graves aux crânes, des pertes de connaissances. Des CRS brûlés aux Molotov… #marchesdeslibertes pic.twitter.com/4XMKTLua2h

— Linda Kebbab (@LindaKebbab) November 28, 2020

 

Плоштадот Бастилја каде дојде до судирите со полицијата полека се празни од демонстрантите. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

На денешните демонстрации насловени „Марш за слободи против законите кои ја убиваат слободата“ се собраа 46.000 демонстранти, додека во цела Франција имало околу 130.000.

Слични демонстрации се одржаа ширум целата Франција, но инциденти покрај во Париз, беа забележани и во Лион, каде исто така полицијата употреби водени топови.

Les canons à eau des forces de l’ordre ont dispersé les manifestants. @Le_Figaro pic.twitter.com/dt9EQ29HEh

— Stanislas Poyet (@stanislas_poyet) November 28, 2020

 

Поранешниот фрацуски претседател Франсоа Оланд, денеска побара поради „чест“повлекување на нацрт-законот наречен „општа безбедност“.

– Дебатата беше лошо започната, нејзиниот законодавен превод беше несоодветен колку што беше несреќна, рече поранешниот социјалистички претседател за текстот на законот и неговата водечка мерка, содржани во член 24, кој забранува да се објавуваат лицата на припадниците на силите на редот.

На денешните демонстрации на кои се бара повлекување на законот, се протестираше и против полициското насилство, особено по случајот на претепувањето на еден музички продуцент од страна на припадници на полицијата.