На барање на Мицкоски, Словенија испрати помош за Македонија


Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави. Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]