Митревски: Имам крунски доказ дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ


– Поранешниот лидер на ССМ и акуелен претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски бара од Владата, премиерот, министерот за труд и социјална политика и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, како и од Комисијата за жалби во Централниот регистар веднаш да ја спроведат задолжителната законска активност која произлегива од правосилните решенија, да го избришат Дарко Димовски од Централниот регистар и да го впишат неговото име.

Како што истакна на денешната прес-конференција, има крунски доказ кој покажува дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ и покажа решение за уважување на барањето за упис на промена на лице овластено за застапување на Сојузот на синдикатите на Македонија од 14 ноември 2016 година, потпишано само од тогашната техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски. Според него, за да биде овој правен акт валиден требало да биде потпишан и од заменскиот министер.

-Ќе поднесам тужби до институциите поради тоа, но прво ги повикувам надлежните институции по службена должност да преземат соодветно дејство и веднаш да го избришат уписот на Димовски поради непостоечки акт или акт кој не произведувал правно дејство. Бараме тоа да се направи уште во текот на идната недела и бараме средба на највисоко ниво во Владата, а ќе дадеме и извештај до Европскиот социјален совет за спроведувањето на Темелната конвенција 87 која забранува какво било мешање од властите во слободното задружување и слободниот избор, рече Митревски.

Овој документ, како што кажа, е дополнителен крунски доказ дека Димовски не може да биде претседател на ССМ бидејќи уште во старт не бил легитимен претседател.

-Наместо да се спроведува судската правосилна извршна пресуда на Управниот и на Вишиот управен суд, Комисијата за жалби во рамки на Централниот регистар спротивно на Уставот и Законот прави обид да не се почитува судската власт, носејќи некое решение со кое се одбива некаква жалба. Ова е невиден преседан и упад во судскиот систем и јасно докажува дека не може врз основа на едно празно ливче хартија потпишано од Лазе Георгиевски или врз основа на записник во кој не се знае ни кога е одржан  таканаречениот совет ни кои присуствувале да дојде до промена на претседателот на ССМ, рече Митревски и посочи дека секоја правосилна пресуда е задолжителна за сите органи и тие се должни да ја спроведат и оти ни еден друг правен акт не може да биде повисок од донесената  правосилна одлука.

Нагласи дека во март годинава на состанок во Владата еден од учеснците на смената во ССМ јавно признал дека биле доведени во заблуда и дека воопшто не постоел ниту кворум, ниту постапка, ниту, пак, бил почитуван статутот.

Секретарот на ССМ Методија Димески рече дека како држава имаме голем проблем ако административно се одредува кој ќе биде претседател на било кој синдикат и додаде дека е неприфатливо Второстепена комисија или било кој службеник во државата да одредува кој ќе биде претседател на синдикат.

-Иако на Собрание на 28 јануари годинава легитимно сум избран за претседател на Синдикатот за сообраќај и врски, девет месеци ми се чуваат документите во фиока во Министерството за труд и социјална политика. Имам добиено известување од Министерството дека сум легитимен претседател, но се уште документите не ги доставуваат до Централниот регистар да се направи промената, потенцира Димески.

Обвини дека се прават упади во синдикални подружници и се менуваат претседатели со луѓе кои воопшто не се членови на синдикални подржници.

Двајцата го осудија вчерашниот напад на полициски службеници во Велес од страна на дрвокрадци и додадоа дека се подготвени  матерјално или преку нудење на правна помош да им помогнат на оние кои се оштетени.


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*