Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија


  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој откако и ја предал аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска, рече оти добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека
Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

Според него, најдобро би било Русковска да го повика и Заев даде појаснување за разговорот.

Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија.

Тој појасни дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие, рече Милошоски.

Доставувањето на аудио снимката денеска со кусо соопштение го потврдија и од Обвинителството.

-Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот, се вели во соопштението.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]