Мицотакис со порака до Скопје и критики до Ципрас и пратениците кои го поддржаа Договорот од Преспа

Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, порача лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор од грчкиот град Кожани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, на граѓаните им објасни што може да стори Нова демократија и што лично тој ќе направи откако веќе постои ратификуван меѓународен договор: ќе го искористи правото на вето на патот на нашата земја кон Европската унија, ќе се бори да ги заштити грчките македонски производи и ќе предложи силен развоен план за Северна Грција.

-Првото што ќе го направам и за кое јавно имам кажано е дека како следен премиер, доколку грчките граѓани ми дадат доверба, нема да го испуштам правото на Грција да стави вето на пристапниот процес на Скопје, доколку сметам дека не им служи на националните интереси. И на семиолошко ниво, реков дека фразата „му посакувам добредојде на македонскиот Премиер“ никогаш нема да ја слушнете од мене. Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, рече Мицотакис.

Во однос на трговските производи рече дека денес, „стотици бизниси што во нивното име ја имаат придавката ’македонски’, во суштина се незаштитени“.

Лидерот на Нова демократија упати и остри критики до грчкиот премиер.

-Ципрас уште од прв момент, тоа беше јасно, дека сакаше да го реши ова прашање. Навистина не знам какви меници презеде дека ќе исплати и не знам како самиот верува дека може да има корист од една таква иницијатива, рече Мицотакис.

Тој го повтори неговиот став дека Ципрас се оддалечил од националната политика од изминатите децении за конкретното прашање и се согласил за работи за кои претходните премиери рекле „не“.

-Идејата дека Грција и официјално ќе признава македонски јазик, дека ќе признава македонска националност, дека ќе признава македонски идентитет и сите елементи на овој културен курс на соседите што го сочинуваат овој македонски идентитет, посебниот македонски идентитет, барем како што тврдат и го бранат нашите соседи, беше идеја спротивна на цврстата надворешна политика на земјата веќе многу децении, објасни лидерот на Нова демократија.

Мицотакис упати критики и до пратениците кои гласаа за договорот. Рече дека нивниот глас го размениле, веројатно, за некое министерство или друга награда.

-Мислам дена не би можело да се замисли дека некои од личностите кои ги денес ги окупираат министерствата избраа да бидат со конкретниот став во Парламентот само затоа што одеднаш се согласија со ставовите на господинот Ципрас. Ова е реалноста. Имавме јасена размена во Парламентот во последниве месеци. Една размена за да помине Преспа, друга размена за да добие владата да добие доверба, рече лидерот на Нова демократија, пренесе МИА.

Мицотакис во неговото обраќање се потсети, како што рече, на минатиот мај или јуни, кога додека бил во неговата канцеларија му рекле дека премиерот сака да разговара со него и телефонски, Ципрас го прашал за неговото мислење за Илинден. Лидерот на Нова демократија рече дека веќе постоел договор за Илинденска Македонија.

Во обраќањата на Кирјакос Мицотакис и од Кожани и од Јанина, како што вчера објави МИА, акцентот беше ставен токму на Договорот од Преспа што всушност се најде и на почетокот на неговите говори.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*