Мицкоски – Ахмети: Кадровското решение за технички министер прифатливо


Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицковски и Али Ахмети, попладнево во Собранието имаа средба на која разговараа за можно кадровско решение за МВР, за профилот и биографијата на личноста што ја предлага опозициската партија за министер за внатрешни работи во преодната влада.

Мицкоски по средбата изјави дека се работи за професионално решение, кое пак за лидерот на ДУИ Али Ахмети е прифатливо.

– Го запознавме раководството на ДУИ како втора најголема партија што е дел од Владата со нашиот предлог. Очекувам дека ќе имам исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после таа средба ќе можеме да го соопштиме името и јавноста ќе знае малку повеќе и за предлогот и за неговиот профил. Станува збор за професионално решение, изјави Мицкоски.

Рече дека покрај со СДСМ и ДУИ, како две најголеми партии за кои законот налага дека треба да се консултира, деновиве ќе има разговори и со албанската опозиција за кадровските решенија што ќе бидат дел од МВР и од структурите што ќе ги предводи техничкиот министер за внатрешни работи за, како што рече, да видат какви предлози ќе имаат тие.

-Доколку тие предлози се со квалитет што ќе обезбеди непречено да се развива процесот на избори се добредојдени. Апсолутно сме подготвени, но истовремено, знаете, кога сте вие подготвени да отстапите, добро е да очекувате и од другата страна на отстапки. Можеби конечно ќе се охрабрат и политичките партии од албанската опозиција. Еве, го слушавме господин Села како вчера гордо кажува дека немал средба со претседателот на најголемата политичка партија, па можеби ќе побара средба со претседателот на најголемата опозициска политичка партија и да ги претстави неговите погледи и визии како понатаму би функционирале, додаде Мицкоски.

На прашањето дали на средбата со Заев ќе прифати разговор и за измени во Изборниот законик, Мицкоски одговори дека прифаќа разговор на секоја тема што е во интерес на граѓаните.

Лидерот на ДУИ Ахмети по средбата рече дека за нив е прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за  технички министер за внатрешни работи. Ахмети рече дека тоа е докажан професионалец кој не бил познат како политички активист, ниту, пак, активен во цивилното општество.

– Имавме информативна средба со претседателот на опозицијата со почит кон Уставот и договорот што го постигнавме пред неколку години во Пржино. Ги чув неговите информации внимателно при што тој даде предлог за министер за внатрешни работи и впечаток ми остави дека кандидатот што го избрале е кандидат со многу богата биографија и, според мене, ако се усогласат и со СДСМ тоа би било еден кандидат со искуство, ново искуство коешто според мое мислење би било добро за МВР, но и за ред и мир. Ќе го почекаме резултатот од средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозицијата Мицкоски, рече Ахмети.

Во врска со ставот на ДУИ за промена на Изборниот законик, Ахмети повтори дека тоа пред избори е невозможно, затоа што се десетици партии што имаат десетици различни мислења и засега нема амбиент да се говори за промена на Изборниот законик.

– По завршувањето на изборите може да дебатираме и да дојдеме до најдоброто решение. Јас не велам кое би било подоброто решение сега, дали една или 80 или осум или шест избирачки зони. Јас сметам дека во непристојно време е отворена оваа тема затоа што нема да успееме да се усогласиме и да ги унифицираме ставовите од 20 и повеќе партии коишто се во земјава сите имаат посебни ставови, оцени Ахмети.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]