Македонските државјани до 15 август не можат да патуваат во Грција  


Грција на 1 јули ќе ја отвори границата со Северна Македонија, но само преминот Евзони (ДПЛ) - МИА

Атина, 1 август 2020 () – Од денеска стапи во сила новата одлука на грчката Влада за продолжување на прекинот на поврзувањата со Северна Македонија, што важи до 15 август 2020 година, а Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде упатства за прекинот на воздушниот сообраќај, јави дописничката на од Атина.

Откако вчера попладне заменикминистерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека се продолжува до 15 август 2020 година прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција и мерките што се однесуваат на копнените граници, во Службен весник, веќе е објавена новата министерска одлука.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 1 август 2020 година до 15 август 2020 година“ и предвидува „привремено ограничување на авионското поврзување со Северна Македонија со сите аеродроми во земјата“.

Во однос на копнените граници, вклучително и железничкиот сообраќај, со Северна Македонија, Албанија и Турција, продолжена е претходната одлука, односно мерката за „привремено ограничување на сите копнени поврзувања од и кон Грција“, како и за забрана за влез на грчка територија преку конкретните гранични премини.

Забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој или живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Паралелно, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објави нови упатства (notams) за продолжување на прекинот на авионските поврзувања како и за забраната за влез во Грција на државјани од трети земји со цел заштита од Ковид-19.

-До сабота 15 август 2020 година во 23.59 часот се продолжува авио упатството (notam) што предвидува прекинување на летовите меѓу Грција, Турција, Албанија и Северна Македонија, соопштуваат од Агенцијата.

Дополнително пренесуваат дека до 14 август на полноќ е продолжена одлуката за забрана за влез на државјани на трети земји, мерка која, која што вчера објави , предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од било која влезна точка во земјата и на било кој начин или било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, како што вчера објави , исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Продолжена до 15 август е и одлуката за задолжителен негативен тест, направен до 72 часа пред патувањето за оние кои авионски, во Грција пристигнуваат од Бугарија, Романија и Обединетите Арапски Емирати.

Потврдата, од овластен дијагностички центар, треба да биде на англиски јазик и да се наведени име и презиме и број на пасош.

Авиокомпаниите треба пред летот да проверат дали патниците имаат потврда за негативен тест, бидејќи во спротивно, не смее да му дозволи на патникот да влезе во авион.

Оваа одлука не важи за грчките граѓани, за оние кои имаат дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.

За сите оние кои влегуваат во Грција, задолжително е да го пополнат формуларот Passenger Locator Form (PLF) 24 часа пред нивното пристигнување.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

1 Comment

  1. Значи всите држави освен наша та грижатсе за свои државјани само не Македонија. Не можат да решат проблему со Грција да пуштат (барам и со тестови) македонци што имат имот во Грција. Изгледа требва да правиме собир на собственици и да пишеме тужба до Европскиј суд и тужиме и Северна Македонија и Грција.😡😡😡

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*