Конкретна реорганизација на администрацијата од втората половина на 2019

Во втората половина на следната година  ќе има поголеми измени во администрацијата со нејзина реорганизација и оптимизација, процес кој би завршил во текот на 2020, со мал дел во 2021 година. За претстојните активности ќе следи серија законски измени, а меѓу останатото  ревизија на Законот за организација на органите на државна управа,  најави денеска министерот за информатичко општетсво и амдинистрација Дамјан Манчевски.

– Очекуваните придобивки се да се воспостави рамка за институционална организација, ќе се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите, како и проблемот со институции со еден човек. Ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани и која институција пред кого одговара. Да престане админстративниот пинг понг со граѓаните и фирмите, рече Манчевски на прес-конференција. Тој ги презентираше првичните активности од спроведувањето на хоризонталната функционална анализа во администрацијата по усвоениот Акциски план со конкретни мерки и временска рамка на што пак претходеше мапирање на постојните институции. Прва направена е анализата на инспекциските служби, чии наоди укажуваат дека во одреден дел постојат преклопувања на надлежностите. Во случаите, пак, кога инспекциските служби се организирани во рамки на министерство или друг орган на управата, инспекторите често вршат и други работи и работни задачи кои не се нивна работа.

Според Манчевски, со претстојните активности институциите ќе се групираат по области на дејствување.  Министерствата ќе бидат креатори на политики, агенциите ќе се задолжени за спроведување на политиките, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. За тоа ќе биде потребна и ревизија на Законот за организација на органите на државна управа.   Опциите за институциите  се да го задржат статусот и функцијата, да бидат присоединети со друга институција, а  може да дојде до спојување на повеќе институции во една, да дојде до укинување на институцијата и пренос на нејзината надлежност на друга институција, но и да се формира нова институција – во исклучителни случаи каде што функцијата се извршува дисперзирано од страна на повеќе институции или е сосема нова функција.

Како што покажала направената анализа на регулативата, само 62 органа се регулирани со Законот за организација и работа на органите на државната управа,  а 66 со посебни закони.  Тоа, укажа ресорниот министер, значи дека повеќе од половина од државните органи се формирани без да им се определи јасно статусот, не се препознаваат линии на одговорност, а постои и поклопување на надлежности.  Регулативата со која се формираат агенциите  и  инспекциските  служби  на  централната  власт  е фрагментирана,  сложена,  нејасна  и  предмет  на  чести  измени  и  дополнувања, потенцираше министерот за информатичко општетсво и администрација.

Владата ќе ја спроведува реформата со препораки на Европската Унија и СИГМА и со помош на УСАИД и од УНДП. За претстојниот процес, според Манчевски, ќе бидат потребни и серија на законски измени. – За некои можеби ќе биде и болен процес, но тоа е нешто што мора да се направи за да се стави ред на хаосот.  Тоа ќе значи укинување можеби на институции, намалување на бројот на менаџери, управни одбори и раководни лица. Во прв план да се обидеме на луѓето да им најдеме место во системот доколку анализата норнмално укаже дека одреден  број на луѓе се прекубројни како што веќе најавуваме долго време ќе подготвиме една понуда до приватниот сектор и под одредени услови ќе се обидеме да ги префрлиме луѓето таму, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Од 1 август лани досега има одлив на 6.479  лица од администрацијата по различни  основи, како пензионирање, спогодбено, а од нив 901 сами си дале отказ. Бројот на вработени во јавниот сектор, како што рече Манчевски, се намалува и изнесува околу 125.000.

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Вести

Пешов: Ако сум постапил погрешно на 27 април, ќе имаше барем дисциплинска

Доколку тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ми дал наредба, а јас не сум постаил по неа тоа би било нотирано уште истата вечер, а министерот би повел дисциплинска постапка или пак кривична пријава, […]

Вести

Анкета:  За мнозинството граѓаните целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини

За големо мнозинство од граѓаните (89,7 отсто) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава, покажува анкетата спроведена од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во врска со актуелната состојба со епидемијата […]

Вести

Отсуството на обвинетиот Илија Димовски го одложи судењето за „Талир“

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 7 март поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски. Судијата Осман Шабани, на почетокот информира дека […]

Вести

Ѕиѕикостас: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја, јави дописничката на МИА од […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*