Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши


Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по утврдени критериуми ќе одлучува кои се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање патни исправи.

Од МВР информират дека барањата за издавање патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]