Коцијанчич не сака да се меша во владеењето на правото во Република Македонија

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ.

– Реагиравме, рековме дека се разбира свесни сме за ситуацијата со господинот Груевски, не коментираме судски процедури во тек, владеењето на правото треба да се почитува и во земјите членки и во земјите кандидатки, судските процедури не смеат да се политизираат, изјави Коцијанчич.

Таа не сакаше да го коментира фактот дека Унгарија како земја членка на ЕУ му обезбедила превоз на Никола Груевски до Унгарија, како што открија албанските и црногорските полициски власти.

– Треба да разберете дека ЕУ може да каже и направи некои работи, но некои се надлежност на земјите членки, но очекувањата на ЕУ се многу јасни. Очекуваме сите страни да се однесуваат стриктно во согласност со релевантните правила, изјави Коцијанчич.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]