Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор


Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците.

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

Од Апелација за МИА информираа дека лекарската документација укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.

Вести

Западна Австралија ја легализира еутаназијата

Парламентот на австралиската сојузна држава Западна Австралија денеска изгласа закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот. Со тоа таа е втора австралиска држава во која е легализирана еутаназијата. Австралиската сојузна […]

Балкан

Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право […]