Избрани нови 18 обвинители во 12 обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип

obviniteli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Совет на јавни обвинители денеска ја одржа 80-тата седница на која, беа избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип.

За Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип беше избрана единствената пријавена кандидатка, односно досегашна вршителка на должност, Татјана Кацарова.


Совет на јавни обвинители избра вкупно 18 јавни обвинители кои ќе стапат на функција од следниот месец и тоа во:

ОЈО Битола – Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, ОЈО Велес – Александра Станковска, ОЈО Гостивар – Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар – Анита Граждани Пачуку, ОЈО Делчево – Сузана Бошнаковска, ОЈО Кичево – Албулена Абази и Емрах Михтароски, ОЈО Куманово – Самир Акифи, ОЈО Охрид – Кристина Илиеска Атанасова, ОЈО Прилеп – Стевчо Биновски, ОЈО Свети Николе – Дарко Цветановски, ОЈО Струга – Ермира Муса-Нура и ОЈО Тетово – Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и Јетмир Беџети.

На денешната седница, меѓу другото, беа усвоени записниците од 78 и 79 седница на Советот.

Под точка разно, Советот дискутираше за дефицитот на обвинители во останатите обвинителства и потенцијалните решенија за истиот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK