Италијанските специјални сили ослободија товарен брод киднапиран од мигранти

policija italija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанските специјални сили совладаа група мигранти кои киднапираа товарен брод во близина на брегот на Неапол.

Неколку луѓе од 15-члената група кои се криеле на бродот „Галата Сивејс“, кој пловел под турско знаме, во петокот го принудиле екипажот да се пренасочи од својата рута, соопштија властите.


Бродот пловел од Турција кон Франција.

Италијанската морнарица стигнала до бродот со хеликоптер и ги уапсила напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви.

„Се заврши добро“, објави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето на Твитер.

Бродот потоа бил упатен во Неапол на полициска проверка, а тројца од 15-те мигранти биле обвинети за поседување оружје.

Две жени, од кои едната е бремена, и двајца мажи се пренесени во болница, јави АНСА, повикувајќи се на здравствените власти во Неапол.

Другите мигранти, кои на полицијата ѝ кажале дека се од Авганистан, Сирија и Ирак, биле сместени во прифатен центар за бегалци.

Бродот синоќа ја напушти Италија и го продолжи патувањето кон Сете на југот на Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK