Информации за 5Г и бродбенд мрежата усвоени на седница на Владата


Информации за потребата од отворање 5G фрекфенциите за телеком операторите, како и за почнување на физибилити студија за инсталација на бродбенд мрежата на интернетот во државава се усвоени на вчерашната седница на Владата, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Оттаму истакнуават дека остануават на заложбата за  континуиран процес на реформи во јавната администрација и дигитализација

Главниот фокус, како што појаснува МИОА, е на обезбедување максималните придобивки од имплементацијата на 5G, вклучувајќи го и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги од најразлични сегменти на вертикалниот пазар кои се нудат на крајните корисници; обезбедување на бродбенд за сите области во државата, развојот на електронските комуникации, а особено на 5G мрежите.

На вчерашната владина седница е усвоена и Информацијата за подготовка на Стратегија за Реформа а јавната администрација (2023-2030), со акцент на препораките содржани во мониторинг Извештајот на СИГМА за Република Македонија од 2021 година:

-Во рамки на континуираниот процес на реформи во јавната администрација и силните заложби во таа насока, целта е обезбедување модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, појаснуваат од МИОА.