Индекс на демократија на „Економист“: Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими“



– Демократијата во Македонија според најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“ се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77. место со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е од нула до 10.

Земјава се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, која опфаќа 22.2 отсто од бројот на сите држави, со 16 отсто од вкупното население на сите опфатени 167 држави.

Рејтингот се заснова на комбинација од експертски оценки и резултати од анкети во овие земји. Се земаат пет клучни показатели што укажуваат на состојбата на демократијата во државите и тоа
изборниот процес, транспарентноста на власта, учеството во политичкиот живот, политичката култура и нивото на граѓански слободи.

Извештајот на „Економист“, насловен „Година на демокартски назадувања и народни протести“, сумарно, ги дели земјите во четири категории според тип на режими – „целосни демократии“,
„нецелосни демократии“, „хибридни режими“ и „авторитарни режими“.

Покрај Македонија, во категоријата „хибридни режими“ од регионот се Албанија, која е две позиции подолу од нашата земја (79. место), Црна Гора (84) и Босна и Херцеговина (102).

Во категоријата „нецелосни демократии“ се Хрватска со 6.57 поени е на 59 место (подобрување од едно место), а Србија со 6.41 е на 66. местo (назадувања за пет места), додека Словенија останува на 36. позиција со 7.5 поени.

Грција е исто така во категоријата „нецелосни демократии“ и се наоѓа на 39. место без промени.

На самиот врв на Индексот на демократија на „Економист“, како и досега се нордиските земји. Поредослед прва е Норвешка (9.87 поени), потоа Исланд (9.58), трета е Шведска (9.39) а четврта е
Нов Зеланд (9.26). Финска годинава изби на петто место со 9.25 поени, подбрување за три позиции.
Во Индексот за демократија кој се спроведува од 2006 година, како и секогаш на последно место е Северна Кореја.


Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]

Вести

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките

– Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]