Хисен Џемаили, обвинет за воени злосторства стана министер без ресор задолжен за домашни инвестиции


Собранието на денешното продолжение на 110. седница го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија во Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназцијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик, од компјутерски вештини работи Ворд, Ексел и Пауер поинт, како и статистички програми, интернет и друго.

Работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.

Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.

Џемаили беше обвинет за воени злосторства во еден од четирите Хашки предмети, поточно беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Инаку во предметот станува збор за нечовечко физичко и психичко малтретирање на градежни работници од страна на терористите на ОНА заробени при изведување на градежни работи. Беа обелоденети фотографии од работниците на чии грбови беа со нож резбани букви. Во тој период Џемаили беше пратеник во Собранието на Република Македонија, па поради овој случај му беше одземен пратеничкиот имунитет и беше распишана потерница по него.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија.

Бизнис

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, дизелот ќе се продава по […]

Вести

Уставен суд: Обидите за наше омаловажување не се во интерес на владеењето на правото

Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на […]

Вести

АЕК: Нема основа граѓаните да се грижат за штетноста од зрачењето на новите технологии

Нема простор за загриженост за штетност од зрачењето на новите технологии во електронските комуникации, како и идната примена на 5Г технологијата, порача денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации АЕК Сашо Димитријоски. Споредбената анализа на […]