Граматика на македонскиот јазик за дијаспората


Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство.



Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат дополнителна настава за изучување македонски јазик во Германија – Ана Матовска-Смилевска, Катица Мицева и  Аниса Трпчевска, а рецензенти се наставници кои, исто така, предаваат дополнителна настава на македонски јазик – Елица Атанасовска- Стојановска во Франција и Снежана Катарова во Словенија.

–  Граматиката е прва ваква книга посветена на македонската дијаспора. На 80 страници учениците од дијаспората ќе имаат можност да ги изучат  теоретски и практично правилата на македонскиот јазик, а со тоа да се стекнат со пактично и теоретско знаење на нивниот мајчин јазик. Книгата е приспособена на возраста  на нашата најмлада генерација ученици во дијаспората, соопшти Агенцијата за иселеништво.